Хрватска европратеничка носела блиски луѓе на службено патување

by vlatko 22:51
22:51

Претседателството на Социјалдемократската партија на Хрватска ќе покрене дисциплинска постапка против европратеничката Романа Јерковиќ Краљиќ, откако беше откриено дека во Европскиот парламент доведувала блиски луѓе, а некои од нив лажно ги претставувала како професори на Медицинскиот факултет во Риека.

Шефот на најголемата опозициска партија, Синиша Хајдаш Дончиќ, веднаш откако случајот се појави во медиумите, јавно побара објаснување од европратеничката, порачајќи дека „јавните пари мора да служат за јавни цели и дека семејните врски и пријателствата не смеат да носат приватни поволности на товар на граѓаните“.

Од друга страна, групата на која ѝ припаѓа СДП во Европскиот парламент, соопшти дека „финансиските правила биле почитувани“.

По покренувањето на постапката, Краљиќ ќе има право да се брани пред своите сопартијци, но малкумина веруваат дека тоа ќе ја спаси од исфрлање од СДП, со што партијата би останала со три европратеници, наместо досегашните четири.

Слични вести