Хаотична седница на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го отвори па го повлече предлогот за дивоградбите во општина Сарај

by Fokus

На денешната седница на Советот на Град Скопје советниците од ВМРО-ДПМНЕ самите се откажаа од иницијативата што ја покренаа, го повлекоа предлогот за одржување на вонредна седница за проблемот со дивоградбите во општина Сарај.

Градоначалничката Данела Арсовска го нападна градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, обвинувајќи го за злоупотреби и фалсификати, што дополнително ја подгреа атмосферата во салата.

Настапот на Арсовска предизвика бурни реакции и гласно негодување од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот претставник, Стефан Кирков, излезе со став дека ваква седница не може суштински да придонесе за решавање на проблемите, по што партијата ја повлече иницијативата за вонредна седница. Овој потег предизвика дополнителни реакции кај јавноста, со прашања зошто се повлекува тема што самите ја отворија.

ВМРО-ДПМНЕ денес покажа дека е подготвено ако има потреба и со жив штит да го бранат криминалот на Висар Ганиу и Ејуп Адеми со незаконските дивоградби во општина Чаир. Македонија денес можеше да посведочи дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се плашат да зборуваат за дивоградбите, напиша на својот профил на Фејсбук градоначалничката Данела Арсовска.

Поврзани новости