Индијана Пејсерс ги победија Оклахома Сити Тандер на гостински терен со резултат од 111:110, во првиот финален дуел од НБА лигата.
Победата и ја донесе на Индијана голот на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот, а Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени, 10 скока и шест асистенции.
Најдобри играчи во победничкиот тим беа Паскал Сиакам со 19 поени и 10 скока, Оби Таупин со 17 и Мајлс Тарнер со 15 поени.
Најдобар играч во тимот на Оклахома беше Шаи Гилџус-Александар со 38 поени, додека Џејлен Вилијамс постигна 17 поени.
МВП на лигата имаше шанса за победа на 11 секунди до крајот на 110:109, но промаши.
Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди до крајот, направи скок-шут за пресврт, прво водство на Пејсерс во натпреварот и победа.
Навивачите и домашните играчи беа во шок бидејќи домашниот тим беше во водство цело време, а во последната четвртина имаа 15 поени разлика.
На минута и пол до крајот, ОКС имаше пет поени разлика, но Нембарт и Сијакам направија резултат 109:110 од пенал, а откако Вилијамс и СГА промашија, Халибартон ја замолчи арената.
„Човече, кошарката е забавна. Забавно е да се победува“, рече Халибартон.