Групацијата Шпаркасе оствари силни резултати во првата половина од 2026 година

by irena 11:51
11:51

Силна профитабилност, раст на кредитната активност и стабилна капитална позиција ја одбележаа првата половина од 2026 година за Штаермеркише Шпаркасе груп, една од водечките банкарски групации во Австрија и во Југоисточна Европа.

Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, чиј дел е и Шпаркасе Банка АД Скопје, ја заврши првата половина од 2026 година со нето-добивка по оданочување од 270,6 милиони евра, што претставува значителен раст во однос на истиот период минатата година.

Резултатите ја потврдуваат стабилноста на Групацијата и нејзината способност успешно да се справува со предизвиците во глобалното економско окружување, истовремено продолжувајќи да инвестира во развојот на клиентите, на економијата и на локалните пазари.

-Силните резултати во првата половина од 2026 година ја потврдуваат стабилноста и долгорочната сила на нашата Групација. Благодарение на солидната капитална основа, силната пазарна позиција и фокусот кон клиентите, продолжуваме со доверба да го реализираме нашиот развој и да ги поддржуваме домаќинствата и компаниите во остварувањето на нивните финансиски цели – изјави Георг Бухер, претседателот на УО на Штаермеркише Шпаркасе и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Во првата половина од годината Групацијата забележа:
• раст на оперативниот резултат на 337 милиони евра;
• значително зголемување на приходите од провизии, особено во сегментот на инвестициски услуги и хартии од вредност;
• раст на корпоративното кредитирање од 2,1 %;
• зголемен интерес за станбено финансирање;
• силен придонес од банките членки во Југоисточна Европа;
• стабилна и квалитетна кредитна изложеност.
Вкупната актива на Групацијата достигна 23,9 милијарди евра, додека капиталот порасна на 4,2 милијарди евра, ниво што значително ги надминува сите регулаторни барања.

Силна групација, сигурен партнер за Македонија

-Овие резултати се значајни и за Македонија, бидејќи дополнително ја потврдуваат финансиската сила, стабилноста и долгорочната посветеност на Групацијата на пазарите во Југоисточна Европа. За нашите клиенти тоа значи сигурен банкарски партнер, пристап до современи финансиски решенија и постојана поддршка за нивните лични и деловни амбиции.

Како дел од една успешна меѓународна банкарска групација, остануваме фокусирани на создавање вредност за клиентите, поддршка на домашната економија и поттикнување одржлив раст во земјата“, изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Како членка на Штаермеркише Шпаркасе, Шпаркасе Банка АД Скопје ги споделува истите вредности на доверба, стабилност, иновации и долгорочна поддршка на клиентите, на вработените и на заедницата.

Штаермеркише Шпаркасе е најголем давател на финансиски услуги во јужна Австрија и една од најзначајните банкарски групации во Југоисточна Европа. Групацијата опслужува околу 3 милиони клиенти преку мрежа од 463 локации и повеќе од 8.100 вработени.

Слични вести