172
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека во саботата во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аеродром украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случајот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.