Гори зграда пред болница во Тирана

by irena 21:17
21:17

Попладнево во центарот на Тирана огромен пожар проголта станбена зграда лоцирана веднаш спроти болничкиот комплекс „Мајка Тереза“.

Пламените јазици се проширија со неверојатна брзина. Жителите во паника бегаа од своите домови, додека густиот црн чад го прекри целиот кварт.

Ситуацијата е толку сериозна што покрај бројните противпожарни екипи на земја, во акцијата се вклучени и два воени хеликоптери „Кугар“, кои од воздух испуштаат огромни количини вода за да го локализираат пламенот.

Според првичните информации, најмалку седум лица се хоспитализирани поради задушување од чадот, а меѓу нив има и двајца пожарникари кои први влегле во зградата.

Материјалната штета е огромна, а надворешната фасада на зградата е целосно изгорена.

Слични вести