Ѓорѓиевски: Сите фабрики мора да се дислоцираат од центарот на Скопје

by vlatko 21:40
21:40

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави сериозна офанзива против аерозагадувањето, нагласувајќи дека Цементарница „Усје“ не е единствениот проблем. Тој смета дека сите индустриски погони, вклучувајќи ги оние во Железара и фабриките за кабли, мора да се дислоцираат од централното градско подрачје.

Ѓорѓиевски на Сител рече дека инспекциите веќе се на терен и дека во изминатиот период се изречени ригорозни казни од по 53.000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола.

-Триесет години само се констатира проблемот, а никој не мрднал од мртва точка. Сега градиме систем кој ќе ги промени работите – изјави тој.

Слични вести