Пратеничките групи се согласиле Изборниот законик да биде донесен со консензус

by vlatko 21:26
21:26

Во втората половина на јануари треба да се одржи првата средба на претставниците на парламентарните партии и експерти за Изборниот законик – ова, како што изјави претседателот на Собранието Африм Гаши, било договорено на вчерашната средба на координаторите на пратеничките групи со министерот за правда Игор Филков во Собранието.

-Разговаравме околу потребата за што побргу и поквалитетно носење на новиот Изборен законик. Ние инициравме работна група. И нормално дека од Владата реагираа. По барање на министерот за правда, ние ја свикавме таа координација и ни кажаа дека се во завршна фаза на текстот на Изборниот законик – рече Гаши во интервју за МИА.

Според него, координаторите на пратеничките групи се согласиле Изборниот законик да биде донесен со консензус, но не прецизираше која е временската рамка за негово носење.

Слични вести