336
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, порача дека дебатата за минимална плата од 500 евра е веќе надмината и дека треба да се отвори сериозна дискусија за износ од 600 до 700 евра.
-Се бориме за зголемување на минималната плата и гледам дека постои одредено расположение за тоа. Како ССМ ова го правиме од почетокот на годината и сме подготвени и на протести и штрајкови. Во изминатиов период сакавме аргументирано да обезбедиме релевантни податоци, бидејќи бевме обвинувани – изјави Трендафилов на ТВ 21.
Тој додаде дека анализите со кои располага ССМ се во корист на работниците, но, како што нагласи, истовремено се и фрапантни и укажуваат на потребата од итно подобрување на примањата.