246
Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој беше во посета на скопска гинекологија.
„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град. Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината. Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности. Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува“, објави тој.