Над 10 лица загинаа во пожар во скијачки центар во Швајцарија

by vlatko 11:29
11:29

Неколку лица загинаа во пожар на новогодишна забава во алпски скијачки центар во јужна Швајцарија.

Гатан Латион, портпарол на полицијата на кантонот Вале, изјави дека „пожарот избувнал околу 1:30 часот наутро во ланџ барот Le Constellation во Кран-Монтана“.

Тој изјави дека во тој момент во објектот имало околу 100 лица.

-Има повеќе повредени и повеќе смртни случаи – рече тој.

Медиумите тврдат дека 10 лица ги загубиле животите, повикувајќи се на полицијата.

Големи тимови на службите за итни случаи веднаш реагираа и беа испратени на местото на несреќата.

Спасувачките операции се уште се во тек, а областа е затворена, со зона забранета за летови над Кран-Монтана.

Слични вести