Голема германска хемиска компанија оди во стечај – 550 работници се во страв

by irena 22:41
22:41

Хемиската компанија „Домо“ во германскиот град Лејна, поднела барање за стечај.

Околу 550 вработени се во страв за иднината на компанијата, јавуваат германските медиуми.

Како главни причини за банкротот се драстичното зголемување на цените на енергијата, проблемите во белгиската матична компанија, која исто така станала несолвентна и повеќе не можела да ги исполнува своите обврски кон доверителите.

Менаџментот се обидува да пронајде нов инвеститор кој ќе овозможи стабилизација на бизнисот и зачувување на што е можно повеќе работни места.

Судбината на стотиците вработени сега зависи од тоа дали во наредните месеци ќе се појави стратешки партнер подготвен да го преземе бизнисот.

Слични вести