Го пријави сопругот за насилство – тој ја пријави неа за закани

by irena 14:18
14:18

МВР информира дека рано утринава во 01:00 часот во СВР Скопје 52-годишна жена пријави дека вчера во домот на подрачјето на Центар нејзиниот сопруг З.Д.(52) агресивно се однесувал и се обидел физички да ја нападне.

Според пријавеното, таа подолг период била физички и психички малтретирана од него, но не пријавувала во полиција.

Исто така, утринава во 3 часот, 52-годишникот пријавил дека во домот му биле упатени закани од неговата сопруга В.Д.(52).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести