Го претепа својот 74 годишен татко – уапсен е маж од радовишко

by irena 16:04
16:04

МВР информира дека синоќа во 21 часот во радовишко село, полициски службеници лишија од слобода 51-годишен жител на селото.

Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во семејниот дом физички го нападна неговиот 74-годишен татко, при што му нанел повреди.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести