Властите во Унгарија отворија истрага за работењето на „Ексимбанк“, а се проверува и одобрувањето на кредитот од една милијарда евра за Македонија.
Како што пишува „Ројтерс“, полицијата истражува четири случаи поврзани со банката поради сомневања за злоупотреба на службената положба и несовесно управување. Постапката следува по пријава поднесена во јули од унгарското Министерство за економија, врз основа на наодите од внатрешна ревизија.
Унгарската полиција соопшти дека запленетите материјали содржат дополнителни податоци релевантни за испитувањето на пријавените случаи.
Еден од предметите се однесува на кредитите што унгарската „Ексимбанк“ ѝ ги одобри на Македонија во вкупен износ од околу една милијарда евра. Средствата беа обезбедени во две транши, со фиксна каматна стапка од 3,25 проценти и целосна државна гаранција.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар неодамна изјави дека треба да се утврди дали средствата наменети за поддршка на унгарските компании биле пренасочени за финансирање странски политички сојузник и дали од аранжманот можеле да имаат корист компании блиски до претходната унгарска власт.