1
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно бебе се пронајдени вчера во семејна куќа во селото Демирај, во општина Гњилане, на Косово.
Полицијата го уапси 65-годишникот кој е татко и дедо на жртвите. Го сомничат за двојно убиство.
По одлука на обвинителството, на осомничениот му е одреден притвор во траење до 48 часа, а случајот е квалификуван како „тешко убиство“.
По наредба на обвинителот, телата на починатите се пренесени во Институтот за судска медицина во Приштина, каде што треба да биде извршена обдукција за да се утврдат причините и околностите на смртта.