Арсовска: Како Висар Ганиу на деца милионери од 5, 11, 15 и 16 години со фалсификати им легализира небезбедни згради

by irena 23:48
23:48

Актуелната скопска градоначалничка Данела Арсовски излезе со нови докази за криминал на градоначалникот Висар Ганиу.

“Не можам да пријавам пред 3 години КРИМИНАЛ кој Висар Ганиу со фалсификати го направил на 20.03.2025 година сред денови на жалост за Кочани.

💶💷💵Што ќе се случува следно? Најголемиот криминал сега по обезбедените ДОКАЗИ, лесно ќе се потврди со текот и потеклото на парите кои децата милионери НЕ МОЖАТ ДА ГО ДОКАЖАТ.

📁Врз основа на ДОКАЗИТЕ доставивме до институциите барања да утврдат согласно документите кои ги издал Висар Ганиу, од кои извори им се милионите на следните лица:

💶Бујар Аземи кој градел згради на 15 години❗️

💶 Бесим Аземи кој градел згради на 11 години❗️

💶 Јасин Садики кој градел на 5 години❗️

💶 Адис Беќаровски кој градел на 5 години❗️

💶 Севда Лимани која градела на 16 години❗️

🚨Побаравме од институциите да утврдат како на 5, 11, 15 и 16 години, без лична карта, без деловна способност овие деца потврдиле во општината Чаир дека граделе и како Висар Ганиу со фалсификати им легализира НЕБЕЗБЕДНИ ЗГРАДИ!

⚖️На крај групна тужба до Стразбург од сите кои купиле стан од криминалциве во Чаир, за општина Чаир и лицата кои ги граделе, да ги обештетат и да им ги ВРАТАТ ПАРИТЕ. 🏢И највисоки казни за тоа што дозволиле да се градат небезбедни згради без испитана сеизмика, без проект, без архитектура, без статика, само веројатно од час по ликовно на блок број 2 нацртан цртеж од овие 5 годишните милионери!”, се наведува во последниот фејсбук статус на Арсовска.

Слични вести