174
Уапсен е германски државјанин на Граничен премин „Табановце“, информираат од МВР.
Вчера околу 12:00 часот на „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.М.С.(39) од Сојузна Република Германија.
МВР информира дека „при гранични проверки и контрола во возилото „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.