Гаши го тргна од дневен ред контроверзниот закон за „Скопје – престолнина на културата“

by jadranka 14:25
14:25

Законот за Скопје – европска престолнина на културата 2028 година нема да се најде на дневниот ред на денешната 119. собраниска седница. Ова е компромисот кој на вонредната координација на претседателот на Собранието Африм Гаши и шефовите на пратеничките групи е договорен откако претходно опозицијата со процедурални забелешки не дозволи да се утврди дневниот ред. Договорено е законот да биде ставен на нова седница по летниот одмор на пратениците.

Претходно опозициските ДУИ, Албанска лига и Алијанса за Албанците жестоко реагираа дека Гаши не го почитува Деловникот и дека материјалите на албански јазик немаат потпис од претседателот и се без архивски број, односно дека Гаши со тоа „гази по албанскиот јазик“.

Опозициските пратеници при процедуралните забелешки си разменија со Гаши навреди, закани и предупредувања поради што собранискиот спикер свика вонредна координација

Слични вести