Франција забрани пушење на јавни места

by vlatko 22:12
22:12

Француската влада денеска донесе декрет со кој се забранува пушењето во сите паркови, автобуски станици, спортски настани и околу училиштата од вторник, 1 јули. Забраната не се однесува на електронските цигари.

И покрај повеќето мерки за намалување на пушењето, околу 30% од Французите сè уште пушат речиси секој ден, што е една од највисоките стапки во Европа и светот.

Министерството за здравство изрази особена загриженост за популарноста на цигарите кај младите, а официјалната статистика покажува дека околу 15% од 17-годишниците пушат.

– Повеќе од 200 луѓе во Франција умираат секој ден од болести поврзани со тутунот, што изнесува околу 75.000 луѓе годишно – објави денес министерката за здравство на Франција, Катрин Вотран.

Слични вести