(ФОТО) Мицкоски вечерва во Скопје ги пречека лидерите од Западен Балкан и ЕУ

by irena 23:36
23:36

Пред утрешното одржување на Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст, премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги пречека лидерите од регионот и ЕУ што допатуваа во Скопје.

На својот фејсбук-профил објави фотографии од пречекот на еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, од премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот премиер Албин Курти и неколкумина други учесници на утрешниот Самит.

“Вечерва имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од Западен Балкан и ЕУ. Скопје е домаќин на важен настан“, напиша тој на фејсбук.

Потоа, додаде дека оваа прилика ја користи за лобирање на македонските интереси и политики.

Слични вести