Зошто Груевски молчи за криминалот во Телеком и Македонска банка?

by Фокус

Ден Дончев, генерален директор на Македонски телекомуникации, во време на продажбата на претпријатието и поранешен висок партиски функционер на владејачката партија, повеќе години е отсутен од Македонија, а како учесник или сведок на клучни политички настани и афери поврзани со владеењето на Никола Груевски, е неизбежен соговорник.

Пред вонредните парламентарни избори во 2014 година избива аферата „Македонска банка“ кога лидерот на СДСМ, Зоран Заев, меѓу двата изборни круга во јавноста емитува снимки од телефонски разговори во кои Груевски, како лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, договара продажба на банката со контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини и исплата на 1,5 милион евра во кеш. Од снимките се слуша гласот на посредникот во договарањето Ден Дончев.

За случајот обвинителството не покрена истрага, а во процесот по судската тужба за клевета на Груевски против Заев, на Дончев не му беше дозволено да сведочи, иако судот го прифати сведокот Нини, кој, пак, сведочеше во полза на Груевски. Лидерот на СДСМ тогаш беше осуден да плати 50.000 евра отштета.

Со Дончев дописно разговаравме за последната афера поврзана со Телекомот, што во јавноста ја покрена сведочењето на Слободан Богоески пред Њујоршкиот суд, за случајот „Македонска банка“, за владеењето на Груевски и Фамилијата и за шансите Македонија повторно да стане демократска и правна држава.

Разговараше
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”