Зоран Заев: Блиски соработници на Груевски бараат спас во СДСМ

by fokus 12:17
12:17

Иако најавува нова влада во мај, а притоа не дава ни грам сомнеж дека е подготвен да ја води битката за европска Македонија докрај, сепак Зоран Заев остава впечаток дека и самиот се сомнева дали и колку ДУИ е вирус во ова сценарио.

Во интервјуто за „Фокус“, главно одговара дипломатски, па некои работи останува да ги читате „меѓу редови“. Скудно, без многу детали, открива дека од „бомбите“ разбрал дека Груевски управува со Иванов, бидејќи слушнал дека Иванов „стравува за луѓето околу него, вклучително и неговото семејство“.

- Advertisements -

Тврди и дека најмалку една третина од вмровските министри бараат спас од СДСМ, ама избегнува да даде повеќе детали за овие конекции. Нема да го изненади и ако Иванов прогласи воена состојба, ама тоа не го обесхрабрува да ја оствари мисијата – парламентарното мнозинство да ја преземе власта согласно Уставот и демократските практики.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”