Законот не го шишаат тие на кои, ако ги фатат, ни влакно нема да им фали

by fokus

Во оваа држава, уште од времето кога СЈО излезе со скандалот за „гаќите на Ивона“, кои всушност беа дел од некоја си комплицирана шема за даночно затајување, јасно е дека секоја коруптивна афера за да ѝ го привлече вниманието на јавноста, мора да е поврзана со некој бизарен детал.

Во случајот „Рекет“ тоа беше торбата од луксузната марка „Луј Витон“, во која беа спакувани парите, во случајот „Тенк“ за кој лежи затвор (и се спрема да пишува за затворскиот весник) Гордана Јанкулоска тоа беа „масажерите на задните седишта“ на кои Грујо специјално им се радуваше, судството си го завикавме „сваровски“ поради таа марка на подароци кои ги добивала извесна судијка спомената во „бомбите на Заев“ и слично.

Така бидна и со најновата серија скандали, поврзани со поделбата на пари од европските фондови кои кај нас ги прави Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на чие чело (беш)е Лидија Димова, која социјалните мрежи на криво магаре ја качија.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК