Заев сардисан од сите страни, Груевски нема кој да го чепне

by Фокус

Струмичкиот суд ќе испрати известување до Кривичниот суд во Скопје дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не ја исполнил обврската да пријави присуство во државата во досието „Пуч“.

Тој не се појави последниот понеделник во судот во Струмица, а како што самиот најави, нема намера тоа да го направи ниту следниот понеделник, затоа што не го почитувал партизираното и контролирано судство.

Заев се соочува со затворска казна за случајот „Пуч“, а претходно може да заврши и во притвор. Но, нему му се намерачени и Антикорупциската комисија и Управата за јавни приходи.

Едноставно, власта ги стави во погон сите институции да го неутрализира, а притоа самата да се заштити.

И додека Заев се бори против сите, за Груевски нема никаква правна опасност да одговара за прислушувањето и за содржината на аудиоснимките

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”