Врвен бизнисмен ќе ги обединува масоните во Македонија

by Фокус

Тајната природа на масонското движење е причината што Чедомир Вукиќ, шефот на српската масонерија и Велик мајстор на регуларната Голема ложа на Србија не е многу познат во јавноста, но влијанието на масоните во регионалната политика, кое од ден на ден расте, го прави занимлив соговорник.

Вукиќ е доктор на економски науки, и како што вели, во профаниот свет, работи како градски ревизор во Белград.

Во 1990 година тој станува еден од петте основачи на југословенските слободни ѕидари, а денес ја носи титулата на суверен и врховен командир на шкотскиот ред на популарно наречената црвена масонерија од 33 степен.

Вукиќ бил основач и на една од трите масонски ложи во Македонија, а еден помал број македонски масони членуваат и во Големата ложа на Србија

Разговарал
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”