Време е за нова вистинска истрага!

by Фокус

Недела, 27 март 2016 година. Поминаа три години од трагичната, чудна, контроверзна и мистериозна сообраќајна несреќа во која загина основачот и сопственик на „Фокус”, Никола Младенов, најслободоумниот и безмерно најхрабриот новинар.

Непоколеблив и неуморен борец за слобода, демократија, вистина и правда. И прекрасен, голем човек!

На крајно невообичаена прес-конференција на правосудно-полицискиот врв, власта по три и пол месеци ја затвори истрагата. Сообраќајката во која загина Младенов е несреќен случај.

Според сите докази што до тој момент ги имало Јавното обвинителство, не произлегувало дека сообраќајната незгода „е резултат на сторено кривично дело”.

Дали со тоа оставија можност во иднина да има, да се најдат или да се откријат – и некои други „моменти и докази”?

По отпочнатите сѐ уште бавни, но незапирливи промени во Македонија, сосема е јасно и неминовно. Време е за нова вистинска истрага!

Која со докази целосно ќе ја утврди – вистината. А ќе ги разбие сите сериозни сомнежи. Ништо помалку, и ништо повеќе!

Мора конечно да се дознае што навистина се случило. Тоа е јавен интерес.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”