Во ДПМНЕ нема јунак што ќе му соопшти на Груевски дека неговата политичка кариера е завршена

by Фокус

Александар Бежовски е дипломиран правник, магистар по меѓународно право, кој како член на ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Доста Димовска, се вработува во МВР.

Го запознав во 2009 година, кога дојдов до документи кои покажуваа дека ДПМНЕ, преку генералниот секретар, а тогаш веќе и министер за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, води судски спор против него за раскинување договор за дар на деловен простор во центарот на Скопје тежок околу 700 илјади евра.

Тогаш Бежовски не беше многу расположен да зборува, со објаснување дека ќе ја добие правдата во македонското судство.

Но, преку овој судски спор ја открив формулата, според која, љубчовци се ослободувале од имотот што го изнакупија додека беа на власт во мандатот „За промени“. Кога на ангро купуваа фирми, деловни простории, банки, фарми, станови… Од кои пари, остана енигма! Откако Уставниот суд во 2001-та пресече дека партиите не смеат да стекнуваат „приход од имот“, ДПМНЕ преку Договори за дар почнала да го префрла тазе стекнатиот партискиот имот на поединци и фирми.

И каква е улогата на Бежовски во оваа дпмневска имотна приказна? Во ноември 2001-та, ДПМНЕ го дарува деловниот простор во Центар на извесна фирма Турист Линеа ДОО застапувана од извесен Сашо Андоновски како управител. Откако во 2002 г. доаѓа СДСМ на власт, почнуваат инспекциски контроли во оваа фирма. Е Бежовски потоа ја презема како управител, но и го менува називот во Турист Линеа.

Во април 2005 г., кога лидер на ВМРО-ДПМНЕ веќе е Никола Груевски, партијата покренува тужба против сега спастрената фирма на Бежовски за раскинување на договорот за дар. Неговата голгота, пак, почнува откако во 2006 г.

Груевски станува ВЛАСТ. Закани, уцени, физички напади, циркусијада во судството… и Бежовски јавно проговори конечно во 2009 г. во „Фокус“ за сите овие настраности во системот. За жал, ни тоа не помогна. Во 2012 г. Бежовски им го враќа „дарот“ на груевци, иако во меѓувреме партискиот имот им прогресираше до небото.

Во меѓувреме, откако стана управител на фирмата, Александар Бежовски доби американско државјанство. Сега работи во Управата за извршување санкции, ама нагласува дека не им се плашел кога биле најјаки, не, пак, сега кога бомбите ги разголија.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”