Мирсад Ндрецај и Бег Ризај се уапсени, па ликвидирани за да не го откријат сценариото?

by Фокус 10:33
10:33

Семејствата на загинатите припадници на терористичката група против која полицијата дејствуваше во мај во Куманово, ги препознаа своите роднини од видео материјалот на МВР и од тоа направиле мозаик- фотографија со која очекуваат дека ќе се направи пресврт во вистината за полициско-терористичката крвава престрелка.

За прв пат преку „Фокус“ пренесуваат порака дека Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, за кои и претходно беа објавени фотографии од албанските медиуми, но и Арбен Реџај и Самид Кастриоти чиј идентитет за прв пат се открива јавно, и се предале на полицијата, а дури потоа биле егзекутирани.

- Advertisements -

Семејствата тврдат дека водачите на кумановската група се подоцна ликвидирани за да се прикрие сценариото за кумановската војна, кое им било познато на македонски и на косовски политички функционери, а според кое за пет милиони евра, пари од кои дел им се исплатени на водачите на групата, новите „учки“ требало да изведат неколку терористички акции во Македонија – без жртви, за да го свртат вниманието на јавноста од „бомбите“, а со нивното апсење и неутрализирање во Македонија, високите косовски функционери требало да се ослободат од сведоци за злоделата што ги правеле во текот на косовската војна!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”