Ако заигра на картата на граѓански судири, Груевски ќе одговара за злосторствата пред меѓународен суд

by Фокус

Во ноември 1990 година, на Македонија ѝ се случија првите повеќепартиски избори. Ги организираше, и тоа успешно, фер и демократски владата на Глигорие Гогоски (1986 – 1990 г.), која дури 5 месеци функционираше и со повеќепартискиот парламент.

Тоа беше повод за разговор со Тито Беличанец, потпретседател во таа влада, надлежен за политичкиот систем. Интервјуто има и ексклузивност затоа што по 25 години молк, Беличанец за првпат јавно говори за успесите, но и за аферите што ѝ дадоа белег на владата или на Извршниот совет, како што тогаш се нарекуваше.

Инаку, д-р Тито Белчанец е редовен професор на Правниот факултет во пензија, по предметите од деловното право. Член е и во неколку надзорни одбори во Тетекс, ТТК банка и Македонија турист.

За неговиот статус на акционер, пак, нагласува дека сите акции ги има купено на берза.

Партиски бил вклучен само кусо време во Социјалистичката партија додека претседател бил, сега покојниот, Киро Поповски.

Се повлекол, како што вели, затоа што видокругот на Ѕинго бил поинаков.

Разговараше
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”