Дали Груевски ќе преживее политички до 5 јуни?

by Фокус

Ако овој судско-политички трилер што се случува во живо во Македонија од „бомбите“ наваму има режисер, во што не се сомневам, тогаш станува збор за највозбудлива претстава на моралното, правното и политичкото распаѓање на еден режим, каква што имаме ексклузивна историска можност да ја следиме како негови современици.

Не верувам дека на земјината топка постои ваков правeн и политички егземплар на бандитска Фамилија на власт чија демисија е полна со толку драматични пресврти и вратоломии.

Попусто ги истрошивме перата да го споредуваме Груевски со Сталин, Хитлер, Милошевиќ, Чаушеску, Лукашенко, Ердоган, Путин…

Има тој од сите по нешто, а повторно, секоја споредба со некого од нив може и да му ласка, зашто е уникатен во своето психо-патолошко умопомрачение и неповторлив во својата деспотска карикатуралност.

Впрочем, неговиот прекар од младоста Чарли, поради шаткастиот од кој наликува на оној на Чарли Чаплин, е поблиску до карактерот на комична политичка бурлескност, на која што маестрално потсетува во своите филмови великиот холивудски актер.

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”