Во диктаторски режим чесно е да си „предавник“

by Фокус

Да се биде и да се остане пријател на оваа балканска ветрометина е ѓаволски тешка работа. Нашето пријателство трае долго. Се рушеа ѕидови во Европа, се градеа нови ѕидови на опустошените простори на некогашна Југославија, се исцртуваа граници, а нашето пријателство со годините стануваше подлабоко, посилно и ги преминуваше нововоспоставените граници.

Во текот на тој долг период, од времето на неговата прекрасна драма „Еден ден мој Јамел“, кога се запознавме некаде во раните 1970-ти, до неговата последна книга, прославениот роман „Куќа на сеќавањата и на заборавот“, разговаравме многу за сѐ и сешто, од драматургија и театар, преку литературата, естетиката, југословенството, јудаизмот, идеологијата, политиката и секојдневниот живот, до актуелните политички настани на тлото на некогашната заедничка земја.

За жал, ниеден од тие посебно драги дијалози не остана запишан. Сакајќи да остане барем една мала трага на тоа долго пријателство, дијалогот што го водевме на 9 мај, на Денот на победата над фашизмот, решивме да остане забележан.

Но, не само како знак на пријателство, туку, од една страна, и како предупредување на опасноста и злото што го носи фашизмот, и, од друга страна, како обид, солидарноста и антифашистичката борба да се вратат на овие простори.

Дијалогот меѓу македонскиот режисер Наум Пановски, кој живее и работи во САД и реномираниот српски писател Филип Давид, е воден како онлајн-чет на 9 мај 2016 година, на релација Белград – Њујорк.

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”