Власта го трча последниот круг!

by Фокус

Илинден, 2 август 2015 година. Како што е редот, и оваа година традиционално, свечено но скромно, се одбележа, ама не и прослави, големиот празник на Македонија и на македонските граѓани. 112 години од Илинденското востание и 71 година од АСНОМ.

Оваа година, според жребот, претседателот Ѓорге Иванов отиде во Крушево и говореше на Мечкин Камен, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Меморијалниот центар Пелинце, а нивниот шеф, премиерот Никола Груевски остана во Скопје и се обрати на Плоштадот „Македонија“, пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов-Ченто, кај кафулето „Тренд“.

Ете, тоа беше распоредот на преамбициозно и нескромно наречениот „Државeн врв“, кој последниве години стана „Врхушка на државата“. На кои, како најповеќе да им прилега и им соодветствува прекарот „Државна бездна“. И, се втурнаа во славењето на трите „гооолеми сенародни“ собири, на кои едвај да имаше три-четири илјади граѓани.

Со сѐ оние што мораше да се таму, вклучително и обезбедувањето, најбројно, разбирливо, околу кафулето „Тренд“. По Пржино, сите мораа да се „пржат“ и на жешкото Сонце.

Најмногу шефот на државата, на кого ниту чадор не му дадоа.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”