Владата на Груевски ќе падне во парламентот

by Фокус

Иако мала, Либералната партија во изминативе изборни циклуси ја брануваше јавноста со своите политички потези.

Претседателот Величковски беше дел од коалицијата со СДСМ во минатиот состав на Собранието, но во 2013 година реши да го поддржи одметникот Стевчо Јакимовски за градоначалник на Карпош, а на изборите во 2014 година, пак, тивко да ја напушти коалицијата со ГРОМ, која се здружи со ВМРО-ДПМНЕ.

Уште пред да пукне кризата со бомбите, лани есента, либералите излегоа со предлог за концентрациона влада, кој претпоставува преземање политичка одговорност од сите политички партии, а не техничка влада, каква што бараше СДСМ.

Величковски тогаш ја антиципираше политичката криза, за која денес вели дека, сепак, ќе заврши со пад на владата на Груевски во Собранието, кога за тоа ќе дојде време.

Нѐ уверува дека работите сѐ помалку ќе зависат од Груевски и дека такво решение ќе му наметнат граѓаните, политичките елити и меѓународната заедница

Разговараше
Зоран ДИМИТРОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”