Владата на Груевски има тројно повеќе вработени и троши осумпати повеќе пари од претходната!

by Фокус

Буџетот на Владата за 2006 година, кој го проектираше СДСМ пред да ја загуби власта, изнесувал нешто над 3 милиони евра.

Кабинетот тогаш броел 225 вработени. Но, за следната 2016 година се предвидени дури 24 милиони евра во владата на Груевски за која работат 683 службеници!

За време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, буџетот е зголемен за двојно, исто како и таканаречените буџетски институции и корисници, кои претходно функционираа како сектор од министерство, но се издвоиле како посебни агенции, дирекции, совети, бироа, инспекторати, управи, со посебни буџети.

Освен тоа, се зголемил севкупниот државен апарат, па затоа опозицијата како дел од предизборната програма за следните избори најавува реструктуирање на администрацијата и мерки за природно одлевање на административни службеници кон приватниот сектор.

Но, намалувањето на непотребните трошоци треба да почне со намалување на бројот на министри и пратеници, чии кабинети претставуваат значителен буџетски товар.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”