Измислени згради и куќи, граѓаните одамна иселени во странство

by Фокус

Повеќе адреси во неколку скопски општини што се појавуваат на фалсификуваните лични карти со украдени идентитети, кои ги посетивме минатата недела, или не постојат, или се дом на граѓани одамна иселени во странство.

Слично е и со неколку адреси во други градови. На некои од адресите што постојат, жителите се запрепастени од сознанието дека некој ги вметнал податоците од нивната улица и број во фалсификувана лична карта.

Ова само потврдува дека има неколку причини да се верува во верзијата на анонимниот извор – дека вработени во МВР учествувале во криминалот со фалсификатите.

Како поинаку можеле да се обезбедат податоците и матичните броеви на лицата чиј идентитет е украден?

Како поинаку е можно на сите фалсификувани лични карти во графата датум на издавање да стои приближно истиот датум кога е издадена оригиналната лична карта на лицата чии идентитети се украдени – периодот од 2009 до 2012 година!?

Ако во производството на лажни лични карти немало вклучени припадници на МВР, како можеле фалсификаторите да знаат дека голем дел од лицата од кои го краделе идентитетот, како и од адресите што ги впишувале во лажните лични карти, се во странство!?

Дека во целата операција, покрај вработени во МВР, веројатно биле вклучени и партиски активисти од терен, говори и фактот што во лажните лични карти се впишувани броеви на згради и куќи што не постојат, а активистите добро ги знаат адресите на своите соседи, избирачките места на кои гласаат и дали се присутни во Македонија!

Пишува
Љубиша АРСИЌ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”