Венко Марковски бил кабает за груевизмот на Росоклија?

by Фокус

Никако не би се дрзнал да ги коментирам докторските оценки што ги даде професорот Росоклија по однос на трагедијата на малата Тамара. Но, реакциите што ги предизвика ставот на споменатата несомнена научна еминенција од светски маштаб, заслужуваат да се одбележат.

Гневот и пизмата, неретко изразени и низ простачки декламации од арабаџиски тип, можеме да ги отпишеме, колку на сензитивноста на трагедијата, уште повеќе, на општата хистеризираност на атмосферата, која ја мултиплицираше и онака вообичаената склоност кон предкооперациска драматизација на секој настан со афективен потенцијал.

Затоа, како нешто вообичаено, не ми го привлекоа вниманието ниту клетвите на разни баби џадарки, ниту балканско-паланечките гачки за безвредноста на американската наука и нејзиното вредносно устројство.

Но, интересот ми го гибнаа обидите за високо стручна историско-идеолошка  идентификација на генетската предусловеност на политичката инклинација на Горазд Росоклија.

Имено, кабаетот за Гораздовата фасцинираност од груевизмот требало да се бара во фактот што третираниов автор на евтини панегирици за мегали проектите груевистички бил близок потомок на Венко Марковски.

Пишува
Влатко СТАМАТОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”