Варди се рајо од пишман јабанџии

by Фокус 11:35
11:35

Моќните странци, не само што немаат доволно моќ да влијаат врз волјата на огромен број македонски граѓани да гласаат против Грујо или да не излезат на изборите, туку прашање е дали и до април 2016 ќе остане меѓународната политичка ситуација иста како што беше до сега, ако се има предвид и дека вгодина се одржуваат претседателски избори во САД, а Европа е заплисната од бранот мигранти, кој не стивнува и кој веќе ја менува стратегиската тежина на балканските земји од кои ЕУ очекува да го запрат напливот на бегалци кон западните држави.

Странците кои на времето ги кренаа надежите на ајдутинот Карпош, на крајот, сепак, го оставија на цедило и него и неговите востаници, поради промена на геостратегиските односи.

- Advertisements -

Кој може да гарантира дека и сегашните странци ќе останат до крај верни на процесот за реформирање на Македонија кон саглам држава?

Кој може да гарантира дека јабанџиите нема да се попишманат?

Но, и да останат верни, тие максимално што можат да направат за опозицијата е да ѝ обезбедат услови за колку-толку фер избори.

Да го парафразирам Гоце Делчев: „Победата на тие фер избори, може и мора да биде задача само на опозицијата. Кој мисли и се надева поинаку, се лаже себе, а и другите“.

Пишува
Нено БОГДАН

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”