Утре е нов ден, убав за борба!

by Фокус

Пред речиси 21 век (73 п.н.е.), мала група гладијатори вооружени само со кујнски ножеви ги совладаа стражарите и избегаа од гладијаторските бараки на својот господар. Бегството го испланира и ги водеше еден човек со огромна енергија и храброст. Неговото име беше Спартак.

Спартак беше роб. Роден во Тракија, бил војник на Рим во Македонија. Не можејќи да ѝ служи на сурова и поробувачка армада, тој си заминал. Бил прогласен за дезертер, бил фатен и продаден во робови. Неговата става и вештини го довеле во Капуа, град познат по гладијаторски школи кои се натпреварувале со Рим за доминација во гладијаторскиот „бизнис“.

По ослободувањето од гладијаторскиот кампус во Капуа, Спартак ѝ пркосеше на Римската империја цели две години. Во битките со армијата на тогашната велесила, Спартак и неговата армија, вооружени со тоа што ќе го заробат, често со импровизирано оружје, повеќепати ја понижија римската воена армада. Водачите на римските легии остануваа со зинати усти сведочејќи на неговите фантастични тактички и воени потфати.

Сенатот се тресел кога се споменувало неговото име. Генерали и генерали на римската војска се ределе во обиди да смислат стратегија за да го задушат ова востание и да ја збришат легендата за Спартак и неговите востаници…

Пишува
Џабир ДЕРАЛА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”