Трн во чевелот на премиерот

by fokus

Два клучни моменти го одбележуваат формирањето на новата влада, одлуката на движењето Беса да не учествува во новиот кабинет на Зоран Заев и кадровскиот состав на тимот министри, особено оној на коалициониот партнер ДУИ.

Колку да изгледаат бенигно, тие одлуки може да имаат силно влијание врз идните политички битки во Македонија, врз развојот на меѓуетничките односи, динамиката на политичкиот живот, но и врз реформскиот курс на државата, враќањето на правдата, слободата и демократијата, за што всушност и дојде до политички промени и се формираше новата влада.

Судирот Беса – ДУИ, кој ќе се води на две нивоа – на албанските прашања, и на темата на неказнивоста на кадрите на ДУИ кои во минатото беа дел од корупциската влада со ВМРО-Обвинета, може да ги загрее односите меѓу коалициските партнери.

Ако нема правда за луѓето од ДУИ кои се огрешиле од законот, за време на владеењето со ДПМНЕ, владата на Заев тешко ќе го одржи својот антикорупциски имиџ.

Ако, пак, Беса заигра на националистичка карта, тоа ќе го храни национализмот на ДПМНЕ, ќе го радикализира и ДУИ и ќе му нанесе штета на планот за живот

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”