Трипати му нуделе слобода само за да сведочи лажно против Љубе!

by Фокус

Пред една недела, Апелациониот суд по вторпат ја укина пресудата за случајот „Ровер“, по што на обвинетите, меѓу кои е и ексминистерот Бошкоски, ќе им се суди по третпат.

Апелација овојпат одлучи да го укине и тригодишниот притвор за дел од обвинетите.

Тие за „Фокус“, растоварени од затворските решетки, раскажуваат што доживеале изминативе години соочувајќи се со овој, како што го нарекуваат, монтиран случај.

Во него ги добија улогите на криминалци, иако дотогаш важеа за успешни полициски инспектори.

На еден од нив му била понудена и улогата на сведок, со која требало да му донесе долгогодишна робија на Љубе, а слобода за себе.

Тој, сепак, избрал да се држи до својата вистина и да ја чека правдата

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”