Топол зајак

by fokus

Сомнамбулистичката одбрана и заштита на криминалот со егзалтирано повикување на конечна пресметка со предавниците на Мафијадонија, иронично може да се дефинира како наш автентичен дарвинизам.

Воспоставен и негуван систем на криминогена супкултура и идеологија со успешно интегрирање на криминал и корупција во општествениот организам. Резилот со процесот на природна селекција на еднодецениската „преродбеничка“ еволуција генерираше голем број чурук „човечиња“ да се моделираат во „тврдокорни“ патриоти „за заедничка Мафијадонија“.

На овие домобрани им се падна историската чест и врвен патриотски чин да се приклучат на повикот од „Македонскиот манифест“ да ја преземат судбината во свои раце и да ја одбранат мафијата. Тие се предводници на „четвртиот Илинден“ кој ќе го спречува редефинирањето и трансформирањето на нивната Мафијадонија.

Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”