Тодоров ја знае дијагнозата на сите пациенти во Македонија!

by fokus

Преку проектот „Мој термин“, кој е веќе четири години во употреба во сите здравствени установи, министерот Тодоров има увид во медицинските досиеја на сите пациенти, што законски претставуваат тајни податоци.

Сите матични лекари и специјалисти преку своите компјутери во ординациите и болниците се поврзани со системот и секој ден, по завршувањето на работното време, податоците ги препраќаат на увид во ресорното Министерство – листата на пациентите што ги прегледале, дијагнозата што им ја поставиле, рецептите што им ги пропишале, терапијата, упатите за понатамошни медицински испитувања кај  лекар-специјалист, кардиолог, инфектолог, психијатар…

На тој начин се прекршува и Европската повелба за правата на пациентите, според која, дијагнозите на пациентите се строга лекарска тајна

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”