Судска хименопластика: Грујо е невин со тапија!?

by Фокус

Имам впечаток дека тие што се убедени дека Груевски владее авторитарно, та институциите му се обични марионетки, постојано се шокираат од неговите „зврчки“.

Зар мислат дека „напрасно“ ќе си го промени табиетот? Зар веруваа дека „Прибе“ или „Пржино“ ќе го превоспитаат во неговото извитоперено есапење на демократијата?

Така што, судската одлука за „помилување“ на владетелот и неговата свита е само логичен производ на груевизмот како режим.

Му доаѓа нешто како „специјалитет“ на куќата на неправдата.

А денот почна забавно. Особено кога координаторот на пратеничката групировка на ДПМНЕ ѝ обзнани на нацијата: „ние имаме достоинство“!

Што збориш, бре!? Што не кажавте порано!?

Вака живеев во заблуда дека тоа им е дефицитарна жичка. Потоа, истиот ден видовме како „достоинствено“ го згазија договорот од Пржино.

Секако, оваа судска фарса влегува во графата „достоинствена“ одбрана на режимот.

Да, ете, нивните специјалци во тоги ја одработија акцијата, со кодно име – „хименопластика“.

И, демек, сега Грујо е невин со тапија!?

Пишува
Јадранка КОСТОВА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”