Судот не ги признава „бомбите“ на Заев

by Фокус

Судијката Славјанка Јанкоска, по барање на адвокатот на премиерот, Никола Додевски, одлучи дека снимките од прислушуваните разговори, приложени како докази, се неосновани и незаконски.

Правните аналитичари велат дека ова е обид да ѝ се попречи на правдата, што е кривично дело, но и да се минира договорот од Пржино, зашто работа на специјалниот обвинител, кој треба да биде избран до 15 септември, е да ги истражи материјалите од „бомбите“.

Сепак, експертите додаваат дека ваквите незаконски одлуки нема да го спречат специјалниот обвинител да постапува по прислушуваните снимки и да утврди кој го извршил незаконското прислушување и кој ќе одговара за кривичните дела што ги откриваат снимките.

Пишува
Валентина СТОЈАНЧЕВСКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”