Студентски активисти заробени во тело на партиски послушници?!

by Фокус 12:29
12:29

Пред три недели, Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е збогатен со неколку нови членови, чии имиња на јавноста ѝ се познати како поранешни студентски правобранители, потпретседатели на Студентскиот парламент, како и сегашниот заменик-министер за администрација, кои претходно во неколку наврати упорно тврдеа дека немаа никакви партиски активности, а цело време се кријат позади превезот на партијата.

Со само еден клик на веб-страницата на владејачката партија можат да се забележат новите имиња на младите „вмровци“, за чиј избор одлучува моменталниот претседател на ИК на УМС.

- Advertisements -

„Фокус“ открива кои се луѓето што до вчера се „бореа“ за правата на студентите, а сега седат во функционерски фотелји?

Дали тие цело време одработувале за партијата на власт, за да добијат работни места од соништата?

Дали излегуваа на контрапротести, даваа изјави со поддршка на реформите во образовниот сектор, само за да се закитат со титула повеќе?

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”