Студентите си ја сфатија работата ептен сериозно!

by Фокус

Отворањето „факултет на секоја ливада“ се сведе на социјална мерка во која, секому, од машинбравар до ѕидар, му беше полесно да го прати детето на студирање отколку да му седи дома невработено.

Но, тие деца требаше да учат од некого, а за да можат да учат, требаше да се делат, прво магистерски, а потоа и докторски дипломи. И такви се штанцаа на ангро, (во 2009-та, според ДЗС, 119 лица станале доктори на науки, бројката се зголемува секоја година, па во 2013 година, дури 219 лица стекнале такво звање) со намера, нели на црвената буржоазија да ѝ се инсталира паралелна преродбеничка.

Арно ама, штанцањето докторски дипломи доведе до катастрофален пад на образовниот, односно наставниот процес, оти секого за професор не го бидува, особено не на оние, чии дипломи го имаат мирисот на дилетантските пасоши!

Пишува
Младен ЧАДИКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”