Стојан Андов: Киро Глигоров беше согласен за името „Република Словенска Македонија“!

by Фокус 19:45
19:45

Многу лутина кај нас предизвика изјавата на новиот амбасадор на САД во Македонија, Џес Бејли, дека населението во Македонија го сочинуваат словенско население што е во мнозинство и албанско население што е во малцинство.

Поради ваквото именување делови од населението во Македонија, во кое не се споменува македонскиот народ, изрази протест Министерството за надворешни работи на Македонија.

- Advertisements -

Изјавите што ги давал амбасадорот Бејли биле изречени пред надлежни институции во САД, немало дополнителни прашања ниту забелешки или протести по излагањето на Бејли во споменатите американски институции.

Со оглед на тоа што и највисокиот орган, надлежен за надворешната политика во државата, презеде свој демарш, се поставува прашањето во што е значењето на тој чекор.

Поточно, што е нашето барање од амбасадорот Бејли? Дали нашето МНР побарало од амбасадорот Бејли во натамошните официјални настапи да не го повтори споменатото именување или, пак, барало јавно извинување од него?

Што и да е, демаршот на МНР ги комплицира нашите односи со САД, бидејќи тој, всушност, значи изразување сомнеж на нашите највисоки државни органи кон добронамерноста на Бејли при идното вршење на должноста во Македонија.

Пишува
Стојан АНДОВ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”