Специјално

by Фокус

„Во ноќта која го поврзува…“, „Вчера доцна во ноќта…“ и „Во ситните часови на ноќта“. Најверојатно многу нешта од историјата за тоа како се постигнати многу од договорите и решенијата во политиката во Македонија ќе почнат со овие синтагми.

Така беше и во специјалниот случај на одбирање специјален обвинител доцна навечер во ноќта што ја поврзуваше 14 со 15 септември, поточно во ситните часови на вторникот, 15 септември 2015 година.

Но, зошто е тоа така, речиси секогаш и што е специјално во специјалниот обвинител?

Одговорот на прашањето зошто во глуво време на ноќта, како слепи глувци, треба да си ги решаваме најочигледните и најважни кризи и проблеми веројатно е одговор кој бара многу анализи и пишувања.

Но, и надолго и потполно да се даде некогаш тој одговор, веројатно ќе биде проткаен со краткоста на очигледниот факт, дека елитата што решава нема храброст да се соочи со светлина и транспарентност.

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”