Осуммината

by Фокус

Дваесет и пет години подоцна. Времињата и системот се променија, но старите навики и принципи на владеење останаа исти. Само се проширија, надградија и прилагодија на новото време.

Циниците би додале дека дури прогресирале според ритамот еден чекор напред – два назад.

Романтичните илузии за македонската демократска пролет од пред две и пол децении ги зафати длабока мрачна зима која се уште трае.

Толку период измина од започнувањето на турбуленциите во тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи кога настана „Случајот осуммина“.

Во тој период на зачетоци на демократизација, тој освен што беше медиумски атрактивен, претставуваше и ексклузивен политички настан.

Денес, по изминат четврт век е заборавен, што е разбирливо ако се има предвид нашето традиционално кратко паметење, како и контроверзноста на случајот кој некои го третираа како афера, за други претставуваше парадигма на македонската демократска пролет, а трети го дефинираа со поинакви  (дис)квалификации и етикети.

Пишува

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”